ФСБ: Дознавме кој стои зад нападот над мостот на Крим, меѓу приведените има и руски граѓани

Од:

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) денеска соопшти дека уапсила осум лица осомничени за вмешаност во организирањето на нападот врз мостот што го поврзува анектираниот Крим со Русија.

Според ФСБ, приведени се петмина Руси, како и уште тројца државјани на Украина и на Ерменија.

Спроведената истрага покажала дека експлозивната направа со која бил извршен нападот била камуфлирана во ролни со градежна полиетиленска фолија, спакувана на 22 палети со вкупна тежина од 22.770 килограми. Експлозивот на почетокот на август бил испратен со брод од пристаништето Одеса во Украина до бугарското пристаниште Русе. Потоа пратката поминала преку пристаништето Поти во Грузија, а потоа била испратена во Ерменија од каде по копнен пат стигнала во Русија.

Руската разузнавачка служба соопшти дека експлозивната направа влегла во Русија на 4 октомври во камион со грузиски регистарски таблички, пред да стигне до руската област Краснодар што граничи со Крим, два дена пред експлозијата.

Според ФСБ, тој „терористички чин” го организирала украинската воена разузнавачка служба, наведувајќи дека агент од Киев го координирал транзитот на експлозивот, преку различни посредници.

Силна експлозија во саботата го оштети мостот на Крим што го поврзува полуостровот анектиран од Русија со остатокот од руската територија. Железничкиот и патниот сообраќај подоцна беше делумно воспоставен преку мостот што претставува важна линија за снабдување на руската армија.

Руските власти соопштија дека експлозијата ја предизвикал камион натоварен со експлозив. Како одговор за нападот руската армија изминатите два дена изврши серија ракетни напади врз цели низ цела Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Објава на руски војник стана вирална: „Добредојдовте во пеколот“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Русија објави дека Украина го нападнала Крим со проектилите кои тајно го доби од САД

Катерина Ѓуровски

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина