ФСА: Не користевме сарин

Од:

Бунтовничката Слободна сириска армија (ФСА) ја обвини Москва поради тврдењата дека во нападите бунтовниците користеле нервен гас „сарин“.

Политичкиот и медиумски координатор на ФСА, Луај Мукдад истакна дека бунтовниците не поседуваат такво оружје, туку Москва со своите тврдења сака да го заштити сирискиот претседател и свој долгогодишен сојузник Башар ал Асад.

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров изјави дека експерти од неговата држава во март биле на местото на нападите во Кан ал Асал, во близина на градот Алеп, на север на Сирија и собрале докази од прва рака.

ОН ги отфрлија руските тврдењата дека бунтовниците користеле хемиско оружје, додека Франција го повтори барањето Сирија да дозволи пристап на инспектори на ОН на сите места каде што е употребено оружјето.

-Повеќе од десет држави, меѓу кои и САД, Британија и Франција имаат силни докази дека режимот на Асад користел гас и хемиско оружје за бомбардирање на цивили– изјави Мукдад.

Сирија призна дека располага со таков вид на оружје, но инсистира дека никогаш не би го употребила во граѓански конфликти на свое тло.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение

Во израелски напад на Дамаск загина и познатa сириска новинарка

Израел го ликвидирал братот на Башар ал Асад ?

Израелска армија: Го убивме лидерот на Хамас во Сирија