Фронтекс: Во Европа во 2015 година влегле милион мигранти

Од:

Во Европа во минатата година влегле околу милион мигранти, додека државите членки на ЕУ пријави 1,82 милион илегални премини на границите, соопшти европската Агенција за надворешни граници Фронтекс.

Бројот на луѓе кои илегално ја минале границата на државите од ЕУ минатата година  бил најмалку шест пати поголем од претходниот рекорд, постигнат во 2014 година, додека бројот на барања за азил во 2015 година нараснал на 1,35 милиона, се наведува на сајтот на Фронтекс.

Околу 764.000 илегални премини биле регистрирани на западнобалканската маршрута, главно на границата на Унгарија и Хрватска со Србија.

Голем број луѓе кои илегално ја минале границата првпат  биле регистрирани кога од Турција пристигнале на грчките острови, а подоцна повторно биле регистрирани кога минале некоја од надворешните граници на ЕУ на Западен Балкан.

Најголемиот број илегални премини или речиси 885.400 се забележени на источномедитеранската маршрута, особено на грчките острови во Егејско Море, а повеќе од 90 остто од таквите премини или 803.000, биле пријавени во втората половина од годината.

Сиријците го сочинуваат наголемиот број од новодојденците, иако бројот на Авганистанци бил значително нараснат пред крајот на годината, додека Ирачаните се на трето место меѓу мигрантите кои ја користат оваа маршрута.

Во 2015 година, бројот на мигранти кои стигнале преку централномедитеранската маршрута опаднал за околу една десетина, на 154.000, во голем дел заради тоа што Сиријците почнаа да ја користат источномедитеранската маршрута.

Меѓутоа, бројот на мигранти од источна и западна Африка нараснал за 42 отсто, на повеќе од 108.000, а голем број од нив пристигнале од Еритреја.

За превозот на мигранти во текот на минатата година повеќе биле користени гумени чамци, наведува Фронтекс, потсетувајќи дека биле спасени околу 40 отсто од луѓето во  регионот на централен Медитеран и 90 отсто од оние кај грчките острови во Егејско Море.

Рекордниот број мигранти кои итаа кон Европа доведе и до раст на бројот на шверцери со луѓе, на повеќе од 12.000, а меѓу нив доминираат Мароканци, Шпанци, Албанци и Сиријци, наведува Фронтекс.

Бројот на поднесени барања за азил во 2015 година достигнал ниво без преседан, поточно 1,35 милиона, но бројот на одлуките што ги донеле државите членки за враќање на бегалците е релативно стабилен во споредба со претходната година.

Анализата на ризик на Фронтекс за 2016 година опишува и низа можни сценарија што се развиени во соработка со стручњаци од релевантни области.

Годишната анализа на ризик, исто така, укажува на три главни ризици со кои се суочени државите на надворешните граници, а тоа се досега невидениот раст на миграцискиот притисок, растечката закана од терористички напади и зголемувањето на бројот на патници.

Би можело да ве интересира

Македонија учесник во операција предводена од Фронтекс, пронајдени 505 украдени автомобили, 16 чамци и 2.000 украдени делови за возила

Катерина Ѓуровски

Почеток на заедничката операција со ФРОНТЕКС

Макрон до Пендаровски: Договорот со Фронтекс е доказ дека во ЕУ се почитуваат македонскиот јазик и идентитет

Талески: ВМРО-ДПМНЕ да го поддржи Договорот со Фронтекс во Собрание

Нуркачите немоќни, временските услови лоши: Хеликоптер на Фронтекс се вклучува во потрагата по детето од Херцег Нови

А1он

Фронтекс објави необична мапа: Русите масовно доаѓаат во ЕУ, но и се враќаат и во Русија

А1он