Околу 800 илјади лица влегле нелегално во Европската унија од почетокот на годината, изјави шефот на Европската агенција за управување со надворешните граници, Фронтекс, Фабрис Леџери во интервју за германскиот весник „Билд“.
Леџери предупреди дека приливот на мигранти во Европа веројатно не ја достигнал својата кулминација и ги повика европските држави брзо да ги враќаат во нивните родни земји нелегалните мигранти, бидејќи тие немаат право на азил.
– Европските држави треба да се подготват за мислата дека не чека мошне тешка ситуација во следните месеци, предупреди Леџери.
Тој напомена дека Фронтекс има задача да ги набљудува границите, но нема право да ги враќа мигрантите.