Фронтекс: Бројот на мигранти во Европа е намален за речиси 50 отсто минатиот месец

Од:

Фронтекс соопшти денеска дека бројот на мигранти, кои пристигнале во Европа преку Медитеранот, е намален за речиси 50 отсто во јануари во однос на декември минатата година.

– Вкупно 4.400 мигранти пристигнале во Италија преку море, што е намалување за 16 отсто од пред една година и 46 отсто од декември минатата година, соопшти Фронтекс.

Главна причина, според нив, е студеното време над централниот дел од Медитеранот што предизвикало за 18 отсто помалку мигранти во јануари.

Бројот на илегално преминување граница во реонот на Западен Балкан во јануари е ист како и во декември минатата година, но за 96 отсто помалку во споредба со јануари 2016 година.

Би можело да ве интересира

Трамп: Веднаш ќе ја запрам инвазијата на мигрантите во Америка

A1on

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Грчката крајбрежна стража пукала во брод со мигранти, загинал маж

Се преврте чамец со мигранти на Дрина, пронајдени 10 тела, меѓу нив бебе и мајка

Пронајдени се седум тела на мигранти кои се удавија во Дрина при обид да преминат во БиХ

Полицијата пронајде тројца мигранти на влезот од Велес

Горан Наумовски