Фридрих: За да не ве шпионираат американските служби не користетe Гугл и Фејсбук

Од:

Германскиот министер за внатрешни работи Ханс-Петер Фридрих денеска изјави дека корисниците на интернет кое се грижат дека разузнавачките служби на САД собираат информации за нив не треба да ги користат американските интернет-страници Гугл и Фејсбук.

Информациите дека американската Национална безбедносна агенција (НСА) собира информации преку интернет предизвика вознемиреност во Европа и апели за построги меѓународни правила за заштита на податоците.

– Тие кои стравуваат дека им се следени комуникациите на каков било начин, треба да користат услуги кои не поминуваат преку американските сервери, изјави Фридрих.

Би можело да ве интересира

Зеленски се сретна со директорот на ЦИА во Киев

А1он

Поранешен агент на ЦИА осуден на 10 години затвор за шпионирање за Кина

Шефот на ЦИА: Западот не треба да се плаши од руските закани за нуклеарна ескалација

Горан Наумовски

Според сознанијата на ЦИА и МИ-6: Путин нема да успее, подемот на Кина е главниот предизвик

ЦИА: Украина има намера да задржи дел од освоената руска територија на некое време

ВИДЕО: Шефот на ЦИА се сретна со Кури во Приштина