Францускиот министер за здравство: Ситуацијата е подобра, но рано е за намалување на мерките

Од:

Францускиот министер за здравство Оливие Веран денеска изјави дека очекуваните 5.000 новозаболени со Ковид-19 наспроти 16.282 регистриани вчера, би можеле до средината на декември да овозможат намалување на рестриктивните мерки односно постепено укинување на вториот карантин.

Тој на пресконференција изјави дека стапката на репродукција на болеста се намалила на 0,65 отсто.

– На сите нивоа ситуацијата се движи кон подобро, опаѓа бројот на заразени со релативно брзо темпо. Имаме 30 отсто помалку заразени во споредба од пред една недела, со таков ритам до крајот на втората недела од декември би можеле да имаме околу 5.000 случаи дневно. Сепак сме внимателни, епидемијата не е завршена, како ниту вториот бран и прерано е за намалување на мерките, посочи Веран.

Би можело да ве интересира

Став на Франција за царините на Трамп: Нашиот одговор може да оди чекор понатаму

Песков ја обвини Франција за лаги и кршење на договорите од Минск

Истражување: 73 отсто од Французите велат дека САД повеќе не се сојузници на Франција

Франција се обидува да ги обнови врските меѓу САД и Украина

Велика Британија е против едномесечен прекин на огнот во Украина

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина