Франсоа Оланд: Нема веќе криење финансии

Од:

Францускиот претседател Франсоа Оланд вети дека ќе ја зајакне контролата над финансиите на официјаните лица и дека ќе се бори против даночните измами.

Само недела дена по обвинувањето на поранешниот министер за финансии Жером Каизак, за затајување на данок, претседателот вети немилосрдна борба против овие кривични дела, пренесе „Франс прес“.

Францускиот претседател најави и иницијатива со цел да се обнови довербата во државните официјални лица и поттикнување на борба против затајување на данокот, како и формирање нова и потполно независна владина управа која ќе врши контрола на имотите и потенцијалниот судир на интересите на министрите, парламентарците и другите официјални лица.

Француската влада веќе им наложи на министрите до понеделник да објават податоци за своите имоти, што важи и за другите официјални лица.

Елена Георгиевска

 

Би можело да ве интересира

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина