Поранешниот италијански министер за надворешни работи Франко Фратини ја поднесе својата кандидатура за функцијата генерален секретар на НАТО.
– Искуството во сферите поврзани со безбедноста додека бев еврокомесар, како и подготвеноста на земјите од медитеранскиот регион да ми ја дадат таа можност, одговори Фратини на прашањет кои се главни причини за неговата кандидатура.
Фратини е роден на 14 март 1957 година. Тој беше министер за надворешни работи на Италија од 2002 до 2004 година и од 2008 до 2011 година. Тој беше и заменик-претседател на Европската комисија и еврокомесар за правда, слобода и безбедност.
Актуелниот генерален секретар на НАТО, Данецот Андерс Фог Расмусен си заминува од функцијата на 1 август 2014 година.