Франк-Валтер Штајнмаер е нов германски претседател

Од:

Поранешниот министер за надворешни работи Франк-Валтер Штајнмаер (61) е избран за нов претседател на Сојузна Република Германија, јавува дописникот на МИА од Берлин.

Со апсолутно мнозинство од 1260 членови на германското сојузно собрание во кое членуваат пратениците од Бундестагот, претставници на покраините и други јавни личности номинирани од политичките партии, за наследник на досегашниот претседател Јоаким Гаук го избраа германскиот социјал – демократ, кој на должност како 12-ти шеф на германската држава стапува на 18 март.

Претходно, откако Гаук поради својата старост најави дека нема да се кандидира за втор мандат најголемите политички партии ЦДУ/ЦСУ и СПД се договорија Штајнмаер да биде иден претседател на државата, функција која што има претежно симболична улога во германскиот политички систем, во кој главна задача на шефот на државата е да обезбеди единство за главните политички и социјални теми.

Покрај од членовите на германската владина коалиција, Штајнмаер доби поддршка и од претставниците на партиите на „Зелените“ и „Слободните Демократи“ (ФДП).

Штајнмаер, кој е прв претседател на Германија од редовите на СПД од 1999 година, беше министер за надворешни работи на Германија од 2005 до 2009 година и од 2012 до минатиот месец.

Според анкетата на неделното издание на весникот „Билд“ 59 отсто од Германците очекуваат Штајнамер да биде добар, а 19 проценти веруваат дека тој лошо ќе ја врши неговата функција.

Би можело да ве интересира

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ

Протече планот на Шолц за крајот на војната, офанзивата на Курск ги направи работите многу комплицирани