Французите за прв пат ќе дознаат колкав имот имаат нивните министри

Од:

За прв пат во историјата на Франција, Французите ќе можат да дознаат колку имот поседуваат нивните министри, јави дописникот на МИА од Париз.

Попладнево на интернет страницата на француската Влада www.gouvernement.fr ќе биде објавен имотниот лист на сите 37 членови на Владата, односно нивните декларации направени при преземањето на министерските функции.

Сепак, тие нема да ги објават денес нивните даночни пријави, детал кој не предвиден во идниот нацрт закон за морализирање на јавниот живот, изјави министерот за односи со Парламентот Алан Видалис.

Премиерот Жан-Марк Еро сметаше дека тоа ќе биде сторено, како надополнување на нивните имотни листи.

Проблемот бил од правна природа, бидејќи со обелоденувањето на даночните пријави, може да се дознае дали еден министер плаќа алиментарна издршка и ако ја плаќа на кое лице му ја плаќа, со што се нарушува даночната тајна.

Одлуката да се обелодени имотот на министрите дојде откако министерот за буџет, Жером Каузак беше принуден на оставка по откривањето на неговите банкарски сметки во странство.

Иницијативата за транспарентност во имототите на политичарите не е прифатена со раширени раце од добар дел од политичката класа, која стравува од потхранување на популистичките говори.

Би можело да ве интересира

Ломбард: Европските трупи се спремни да заминат во Украина

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина