Француското радио Европа – 1 го потврди исчезнувањето на двајца негови новинари во Сирија

Од:

Француското радио Европа – 1 потврди изутринава дека веќе 24 часа загубило секаква врска со двајца негови новинари, кои билe на пат за сирискиот град Алепо.

– Станува збор за Дидие Франсоа, постар репортер во редакцијата посветена на кризните региони и Едуар Елиас, фоторепортер, нагласи Европа – 1.

Радиото е во постојана врска со француските власти, кои прават се што е во нивна моќ за да воспостават контакт со новинарите.

Претходно претседателот Франсоа Оланд побара итно ослободување на двајцата француски новинари, кои исчезнале во Сирија.

– Инсистирам тие новинари да бидат итно ослободени, бидејќи не претставуваат ниту една држава. Тие работеа за да може да испраќаат информации во светот. Загубивме врска со нив, но не знаеме точно што се случило, рече Оланд на прес-конференција во Токио со јапонскиот премиер Шинѕо Абе.

Би можело да ве интересира

Напад со секира во француски воз, четворица повредени, двајца се во тешка состојба

А1он

Го убил соседот со моторна пила, полицијата откри страшна сцена во Франција

А1он

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Украина ќе го добие првиот воен авион Мираж 2000 на почетокот на следната година

Франција: Ако Северна Кореја испрати војници во војна, тоа е сериозна ескалација

Франција: Полицијата ги разоткри продавачите на лажни премиум вина