Обвинителството во Париз соопшти дека покренало истрага за наводите за силување против француската секретарка за развој, франкофонија и меѓународни партнерства Хрисула Захаропулу.
Таа е обвинета за две точки од обвинението за сексуален напад. Првиот беше поднесен на 25 мај, а вториот на 16 јуни. Станува збор за обвинувања за сексуален напад извршен од Захаропулу за време на нејзината пракса како гинеколог.
Захаропулу е европратеничка од 2019 година. Минатиот месец таа беше назначена за државен секретар во владата на француската премиерка Елизабет Борн.
Неколку други министри се обвинети за сексуален напад. Слична истрага против министерот за внатрешни работи Џералд Дарманен неодамна беше завршена.
Три жени во последниот месец го обвинија министерот за солидарност Демиен Абад за сексуално насилство, но нема истрага против него.
Извор: МИА