Москва го информирала францускиот амбасадор во Русија дека еден од вработените во дипломатската мисија повеќе не е добредојден, изјави портпаролот на француското Министерство за надворешни работи.
„Жалиме за оваа неоправдана одлука“, соопшти Министерството откако беше побарано да ја потврди информацијата дека од културниот аташе во француската амбасада во Москва било побарано да ја напушти Русија.
Извор: МИА