Францускиот суд: Отказ поради носење марама „дискриминација”

Од:

Француска муслиманка која добила отказ затоа што на работа носела муслиманска марама на главата, неправедно е отпуштена врз основа на вероисповед, заклучи денес високиот француски суд.

Донесувајќи ваква пресуда, Касациониот Суд ја поништи претходната одлука на Апелациониот суд во Версај, кој го поддржа правото на работодавецот, приватната детска градинка во предградието на Париз, да ја отпушти жената бидејќи таа одбила да ја симне марамата, пренесе АФП.

Било какви отворени верски симболи, како што се марамите, еврејските капчиња или турбани, се забранети во француските државни училишта, кои работаат по стриктно световни принципи.

Сепак, Касациониот Суд заклучи дека овој принцип не може да се примени во случајот на оваа жена, бидејќи таа била вработена во приватна градинка, што значи дека нејзиното граѓанско право на изразување вероисповед има предност.

Министерот за внатрешни работи Мануел Валс изјави пред парламентот дека одлуката на судот е “жална” затоа што “го доведува во прашање принципот на световното образование.”

Муслиманката е отпуштена во декември 2008 година, само што се вратила на работа по петгодишно отсуство на кое била поради нега на детето, а отказот го добила откако одбила да ја симне марамата по барање на управата на градинката во Шантлуп-ле-Вињ, западното предградие на Париз.

Градинката како аргумент за отказот ги наведе своите интерни правила кои бараат од вработените да бидат неутрални во поглед на филозофијата, политиката и религијата.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз