Фрацускиот Сенат, горниот дом на Парламентот, синоќа го одобри со 179 гласа за и 157 против, првиот член од предлог-законот за истополовите бракови. Тој член е најважниот, затоа што го одобрува склучувањето брак меѓу лица од ист пол.
Првиот член од предлог-законот беше усвоен без измени во однос на гласањето во прво читање во Националното собрание – Долниот дом. Така гласањето станува конечно, освен ако целиот предлог-закон не биде отфрлен при разгледување во Сенатот.
Предлог-законот, кој беше одобрен од Националното собрание во февруари, им ги дава на истополовите двојки истите права за склучување брак и посвојување деца како тие на хетеросексуалните двојки.