Францускиот Сенат го одобри клучниот член со кој на хомосексуалците им е дадено правото на брак, отворајќи го патот кон усвојување на законите кои што се противат на конзервативците и верските групи.
Горниот дом го поддржа членот, кој го поддржува бракот на лица со ист пол, со 179 гласови „за“и 157 „против“.
На Сенатот му преостанува да го усвои законот кој содржи уште важни членови, како што е правото на хомосексуалните парови на посвојување на деца, пренесе „Франс прес“.
Овој закон веќе по дводневна расправа и повеќе од 5.000 амандмани е усвоен во Националното собрание.
Шефот на социјалистите во Сенатот, Франсоа Ребсамен изјави дека гласањето ја означи победата против хомофобија.
Одлуката за легализација на геј бракови, е една од поголемите општествени реформи, од укинувањето на смртната казна од 1981 година.
Конзервтивци од редовите на УМП, католичката црква и некои други верници, како и голем број француски муслимани и припадници на други христијански цркви организираа голем број протести поради овој предлог закон.
Францускиот претседател Франсоа Оланд во текот на предизборната кампања, минатата година се залагаше за брак помеѓу лица со ист пол и за усвојување деца во тие бракови.
Доколку предлог законот добие поддршка и од Сенатот, Франција до крајот на јуни ќе и се приклучи на групата од 11 држави во кои истополовите бракови се легализирани.
Елена Георгиевска