Со 209 гласови „за“ и 46 „против“ францускиот Парламент го одобри приемот на Шведска и Финска во НАТО.
Сенатот, Горниот дом на парламентот, пред две недели изгласа прифаќање на двете земји во НАТО.
Шведска и Финска поднесоа барање за членство во Алијансата во контекст на руската војна против Украина. Досега, двете нордиски држави на ЕУ беа блиски партнери, но не и членки на НАТО. Пред да влезат во сила пристапните протоколи, тие мора да бидат ратификувани од сите 30 земји-членки на НАТО. Околу две третини од земјите на НАТО веќе дадоа одобрение за северното проширување на одбранбената алијанса.
Извор: МИА