Францускиот министер за одбрана во посета на Саудиска Арабија

Од:

Саудискиот престолонаследник Салман ибн Абдел Азис го прими францускиот министер за одбрана Жан-Ив ле Дриан, кој е во посета на Саудиска Арабија, посветена на билатералната соработка во областа на одбраната и вооружувањето.

Наследникот на саудискиот престол, кој е и министер за одбрана, разговараше во Џеда со францускиот колега за „средствата за зајакнување на билатералните односи, како и за „настаните на регионалната и меѓународната сцена“.

Главни цели на посетата се прашањата за „билатералната соработка во областа на одбраната, на извозот и индустриските проекти“, соопшти тимот на францускиот министер.

Договор од над една милијарда евра за модернизирање на четири саудиски фрегати и два танкери е на пат да биде финализиран, додаде истиот извор.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Израел ги налути сојузниците: Престанете да пукате на силите на Обединетите нации

Катерина Ѓуровски

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер