Француски пензионер ги дупна гумите на 2.000 автомобили

Од:

Еден француски пензионер (59) ги дупнал пневматиците на повеќе од 2.000 автомобили поради непрописно паркирање, на места предвидени за лица со инвалидитет.

Откако бил откриен, полицијата извршила претрес во неговата куќа во Вилербан и пронашла неколку  тетратки со уредно забележани регистарски таблички, кои биле цел на неговите напади. Ги имало вкупно 2.190.

Пензионерот рекол дека му здодеале луѓе „кои не почитуваат ништо“ и „отсуството на граѓанска свест“.

Судот наложи психијатриско вештачење на овој пензионер, а во меѓувреме полицијата се обидува да ги најде сопствените на оштетените автомобили. Имајќи во вид дека и самите направиле прекршок со непрописното паркирање, прашање е колкумина од нив ќе одговорат на полицискиот повик.

Би можело да ве интересира

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз