Француски дипломат шверцувал злато

Од:

Израелските цариници во возилото на еден француски дипломат откриле 152 килограми злато, чекови во вредност од два милиони евра, 500 килограми тутун и 800 мобилни телефони, јавија француските медиуми.

Дипломатот бил веднаш протеран во Франција.

Царинарниците биле изненадени од силниот мирис на тутун во автомобилот на францускиот дипломат кој ја минувал границата меѓу Израел и Јордан.

Возачот манифестирајќи нервоза се повикувал на својот дипломатски пасош и на Меѓународната конвенција која забранува претрес на автомобили со дипломатски таблички.

Аферата веднаш добила други димензии, откако бил повикан францускиот Конзулат, по што вториот човек на Конзулатот побарал од својот вработен да ги почитува барањата на цариниците. Тој му одговарил дека ризикува многу, бидејќи пренесува стока во „недозволени количества“.

Заменик-конзулот веднаш го предупредил Министерството за надворешни работи на Франција, кое советувало да се дозволи претрес на автомобилот за да одбегне обвинувања дека штити криминална активност.

При претресот полицијата пронашла 500 килограми тутун, 152 килограми злато, чекови во вредност од два милиони евра,и 800 мобилни телефони.

„Шверцерот“, кој бил шеф на гаражата на францускиот Конзулат, е уапсен и протеран во Франција.

Француските медиуми не јавуваат дали тој е уапсен по пристигнувањето во Франција, објаснувајќи само дека станува збор за обичен шверц и дека во никој сучај обид за финансирање на тероризам.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт