Француската полиција работи на идентификување на напаѓачот од Ница

Од:

Во камионот со кој беше извршен нападот во францускиот град Ница се пронајдени докуенти на име на лица на 31-годишна возраст со француско и туниско државјанство, кој досега и бил познат на полицијата само за помали кривични дела, јави дописникот на МИА од Париз.

Според полициски извори, ова лице не се наоѓало на листата на француските разузнувачки служби како осомичен радикален ектремист и потенцијален извршител на терориситчки акти.

Во камионот е пронајдено и лажно оружје и неактивирана бомба.

Според францускиот министер за внатрешни работи Бернар Казнев „идентификацијата на криминалецот е во тек и истрагата треба да утврди дали тој имал соучесници“.
Каминот со кој бил извршен нападот бил изнајмен.

Би можело да ве интересира

Нова истрага против Марин Ле Пен

Русија: Франција и Обединетото Кралство подготвуваат планови за воена интервенција во Украина

Франција на граѓаните им испраќа и „прирачник за преживување“ во случај на војна

Бела куќа: Апсолутно е невозможно САД да ја вратат Статуата на слободата во Франција

Став на Франција за царините на Трамп: Нашиот одговор може да оди чекор понатаму

Песков ја обвини Франција за лаги и кршење на договорите од Минск