Француската морнарица заплени рекордно количество марихуана

Од:

Француската морнарица во брод на Медитеранот заплени рекордно количество од 20 тони канабис, во вредност од околу 50 милиони евра.

– Колку што знаеме, ова е најголемата заплена што француските власти ја извршиле на  Медитеранот, изјави вицеадмирал Ив Џоли на прес-конференција во Тулон.

Француската морнарица го пресретнала бродот „Луна-С“, што пловел под знамето на Танзанија, во меѓународните води меѓу Сардинија и Алжир, пренесоа француските медиуми.

Осуммината членови на екипажот, кои изјавиле дека се државјани на Сирија, го запалиле канабисот и уништиле дел од товарот. Ним ќе им се суди во Франција, а им се заканува  казна од најмалку 10 години затвор, доколку бидат прогласени за виновни.

Танзанија ја овласти Франција да го запре и истражи бродот, како и да ги распита осомничените, пренесува Танјуг.

„Луна-С“ исплови од Мароко и беше на пат за Египет.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт