Франциско: Светот е на работ на самоубиство

Од:

Папата Франциско оцени дека глобалното затоплување го донело светот на работ на самоубиство и дека учесниците на Конференцијата за климатски промени во Париз (КОП21), мора да дејствуваат сега или никогаш.

– Не сум сигурен во резултатите од КОП21, но мора да се дејствува сега или никогаш, изјави папата Франциско во авионот, со кој од Африка се враќаше за Рим.

Според него, на Конференцијата во Кјото во 1997 година било малку постигнато, по што секоја година проблемите се се поголеми. – Се наоѓаме на работ на самоубиство, нагласи папа.

– Речиси сите кои се присутни во Париз сакаат да направат нешто. Верувам дека тоа ќе се оствари, имаат добра волја и се молам за тоа, додаде папата.

Папата Франциско е исклучиво ангажиран во борбата против глобалното затоплување, на што пролетва посвети голема енциклика, каде нагласи дека затоплувањето ги отежнува животните услови на сиромашните, го зголемува загадувањето, природните катастрофи, болесите, војните и миграциите.

Папата се залага за мерки за намалување на глобалното затоплување и за „енергетска револуција“, која би довела до целосно напуштање на протизводството на енергија од фосилни горива.

Тој повеќе пати побара КОП21 да заврши со обврзувачки договор, со кој најбогатите земји, финансиски и технички, ќе им помагаат на најсиромашните во исполнување на „еколошката револуција“.

Ватикан на отворањето на КОП21 го претставуваше, вториот човке на Светата столица, државниот секретар, кардинал Пјетро Паролин, кој од Африка, каде го придружуваше папата, отпатува во Париз.

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска