Франциско: Експлоатацијата на работниците форма на совремно ропство

Од:

Поглаварот на Рикоматоличката црква, папата Франциско денеска оцени дека експлоатацијата на работниците во модерното општетсво претставува форма на совремно ропство.

Папата нагласи дека работодавците кои ги експлоатираат своите работиници поради профит прават „смртен грев“, оценувајќи дека тие со тоа воопшто не се разликуваат од трговците со луѓе, кои во минатото поробувале Африканци и ги продавале како робови во Америка.

Во беседата, пренесувана дирекно преку Радио Ватикан, папата нагласи дека оние кои „живеат од човечка крв прават смртен грев и мора да сносат казна за да им биде простен тој грев“.

Папата Франциско досега во неколку наварти упатуваше критики на сметка на глобалната економија, која ја оцени како „неправедна“, бидејќи, според него, таа „ги осиромашува сиромашните и ја уништува животната средина“.

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска