Франција враќа украдени слики од нацистите на еврејски фамилии-сопственици

Од:

Утре Франција треба врати седум украдени слики, или присвоени под притисок на нацистите во 1930-тите, на фамилиите на нивните еврејски сопственици.

Сликите биле планирани да бидат изложени во уметничка галерија, која Адолф Хитлер требало да ја изгради во Австрија, каде што израснал. Четири од нив биле прикажани во музејот Лувр, во Париз.
Официјалните враќања на сликите се дел од обновениот обид на француската влада за сликите да припаднат на нивните правилни сопственици.

Помеѓу 1933-та и 1945-та година, нацистите украле околу 100,000 слики, скулптури и други вредни предмети од еврејската колекција во Европа. Некои биле украдени, но некои биле продадени под пристисок, најчесто за бегство од германската окупација или смртоносните логори.

На крајот на Втората Светска Војна, поголемиот дел е пронајден. Франција добила 65 илјади артефакти, од кои близу три четвртини се вратени на сопствениците.

Приказната за како украдените работи се наоѓаат ќе биде сумирана во холивускиот филм „Мажи на спомениците“, режиран и игран од Џорџ Клуни.

Шест од седумте слики припаѓаат и ќе бидат вратени на Роберт Нуман, еврејски австриец кој избегал за Франција, а потоа Куба, продавајќи ги неговите колекции за бегство. Сликите ќе бидат врачени на неговиот 82-годишен внук, Том Селдорф, кој живее во САД.

Седматта слика, припаѓа на Џосеф Винер, евреј од Чешка, кој починал во германски логор, и чија колекција била продадена од нацистите во 1941-ва година.

Јасна Атанасова

Би можело да ве интересира

Трагедија во Париз: Тинејџерка фрли бебе од прозорец по породувањето

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз