Франција воведе санкции за 18 државјани на Саудиска Арабија

Од:

Франција денеска соопшти дека вовела санкции за 18 саудиски државјани, осомничени за поврзаност со убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги. Санкциите подразбираат и забрана за патување, а официјален Париз соопшти дека ќе бидат преземени и дополнителни мерки доколку биде потребно.

„Убиството на господинот Кашоги е кривично дело со екстремна тежина, кое дополнително ја крши слободата на медиумите и фундаменталните права“, се наведува во соопштението на француското Министерство за надворешни работи.

Франција бара во целост да се разјасни на кој начин било извршено убиството и, како што наведува во соопштението, од саудиските власти очекува транспарентен, детален и опширен одговор.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Во Франција откриен прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница

(ВИДЕО) Затвореник во Франција зароби пет лица, меѓу кои и еден чувар

Макрон бара итна хуманитарна помош за Газа

Горан Наумовски

Туристички авион се урна по полетувањето од аеродромот во Лион, при што две лица се повредени

Горан Наумовски