Франција во 2016 година спречи 24.000 кибер напади врз одбранбениот систем

Од:

Во 2016 година спречени се 24.000 кибер напади врз фрацускиот одбранбен систем, што претставува „удвојување на нападите секоја година“ изјави  министерот за одбрана, Жан Ив Ле Дриан во интервјуто за „Журнал ди Диманш“.

Како што јави дописникот на МИА од Париз, Дриан посочи дека откако ја презел функцијата во 2012 година, а особено во последните три години, кибер заканата стана поголема, поради што е ангажирана и француската армија.

Извештајот на американските разузнавачки служби ја обвини Русија дека се извор на хакерски криминал против демократите за време на претседателските избори.

На прашањето дали Франција е безбедна од слични напади, министерот за одбрана одговори:

– Не смееме да бидеме наивни. Не може да се исклучат операции од иста природа како оние забележани во САД, со цел да го нарушат францускиот изборен процес, наведе Дриан.

Претседателските избори во Франција ќе се одржат во април и мај оваа година.

– Обидите  за кибер напади врз мојата служба (одбраната), се удвојуваат  секоја година, посочи министерот, прецизирајќи  дека во 2016 година, 24.000 надворешни напади биле блокирани од страна на фрацуските безбедносни служби.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски