Франција шампион во наталитетот и во време на криза

Од:

Економската криза, нискиот морал, разочараноста и песимизмот во иднината, не ги спречи Французите да бидат шампиони во наталитетот, јави дописникот на МИА од Париз.

Вообичаено економските кризи се проследени со пад на наталитетот во повеќето од европските земји, но во 2012 година во Франција имало 792.000 новороденчиња, речиси исто колку и во 2011, кога беа родени 793.000 бебиња. Стапката на фертилитет останува два деца на една жена, при што просечна возраст на жените при раѓањето на првото дете  сега изнесува 30,1 година.

Од францускиот Институт за демографски студии појаснуваат дека французите остануваат исклучок во Европа, каде наталитетот се намалува. Тоа е уште поизразено во САД, каде бројот на новореденчињата се намалил со појавата на рецесијата и кризата. Имено, во 2007 година, на почетокот на кризата, стапката на фертилитет во САД изнесуваше 2,12 деца на една жена, додека во 2011 се намали на 1,89 деца.

Од 2009 година европскиот показател на фертилитет е во стагнација на ниво од 1,6 деца на една жена. Покрај Франција, друг исклучок во ЕУ е Ирска со фертилитет од 2,05 деца на жена.

Француската поволна социјална политика во полза на семејствата го аморитизра шокот од кризата и рецесијата, оценуваат демографите и тие не веруваат дека растот на невработеноста ќе се одрази на наталитет, имајќи дека деја таа расте постојано од 2008 година.

Би можело да ве интересира

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт