Франција неутрализирала дваесетина џихадисти во Нигер

Од:

Франција елиминираше околу дваесет џихадисти во Нигер за време на операцијата во која беа вклучени воздушни сили, соопшти францускиот воен штаб, јави дописникот на МИА

Во оваа операција против група од околу 40 џихадисти беа вклучени борбени авиони, беспилотни летала и борбени хеликоптери, во областа позната како „трите граници“, меѓу Нигер, Мали и Буркина Фасо, посочи полковникот Паскал Иани, портпарол на штабот.

-Дваесетина борци се неутралиизрани, а другите се растурени, рече тој на брифинг со новинарите.

Француската армија никогаш не прецизира дали неутрализиран борец е убиен или ранет. Нападот се случил на 1,5 километар од границата со Мали, на територијата на Нигер, „што е област на Исламската држава во големата Сахара (ЕИГС)“, рече портпаролот.

Париз во јуни почна да го реорганизира својот воен систем за борба против џихадистите во Сахел, особено со напуштање на најсеверните бази во Мали (Кидал, Тимбукту и Тесалит) и со планирање да го намали својот персонал во регионот до 2023 година на 2.500 – 3.000 лица во споредба со повеќе од 5.000 денеска. Базите на Кидал и Тесалит веќе им се пренесени на вооружените сили на Мали.

Франција, која е ангажирана во регионот од 2013 година, редовно повторува дека оваа реорганизација не е повлекување и дека останува решена да се бори против џихадистичките групи формирани таму, поврзани со групата Исламска држава (ИД) или со Ал Каеда. Но, таа интервенира во контекст на тензија меѓу Мали и неговата поранешна колонијална сила и историски партнер, по новиот државен удар во Бамако во мај.

Оваа тензија ескалира во септември кога преодниот премиер на Мали, Чогел Кокала Маига, го обвини Париз за „напуштање во лет “ поради овој план за реорганизација. Критики кои треба да го оправдаат евентуалното прибегнување на Бамако кон руската приватна паравоена компанија Вагнер, опишана како блиска до рускиот претседател Владимир Путин.

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт

После изборот на Трамп: Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро се надева на мир на Блискиот Исток