Франција не се откажува од зделката за бродовите Мистрал со Русија

Од:

Францускиот министер за надворешни работи Лорен Фабиус го отфрли барањето неговата земја да го запре проектот Мистрал, во рамките на кој Франција треба да и испорача два амфибиски носачи на хеликоптери на Русија.

– Во санкциите има добри и лоши страни, тие треба да бидат болни, но идејата е да ја санкционираме Русија, а не Европа или Америка. Рековме дека ако изборите во Украина поминат добро, ќе има ублажување. Ако има руски пречки на изборите, ќе има нови санкции, кои може да бидат финансиски, енергетски или во воената индустрија. Договорот Мистрал е потпишан во 2011 година, исплатен е повеќе од половина, и според законот, немаме можност да им кажеме не, изјави Лорен Фабиус, кој е во посета на Вашингтон, каде меѓу другото, од него се побара Франција да се откаже од овој договор.

Повеќе француски сојузнички земји инсистираат дека е неприфатливо Франција да и испорачува модерни воени бродови на Русија, во време кога Западот воведува санкции поради руската вмешаност во кризата во Украина.

Дел од украинската драма се одвива на брегот на Црно Море, каде бродовите Мистрал можат да бидат многу корисни.

Изградбата на двата брода Мистрал е зделка во која Франција треба да заработи 1,2 милијарди евра од Русија. Тие ќе бидат меѓу најмодерните во руската флота.

Бродовите служат како носачи на хеликоптери, и можат да носат 16 хеликоптери, а воедно се корисни и за амфибиски напад, бидејќи располагаат со четири десантни бродови кои можат да пренесат 13 тешки тенкови и 450 војници.

Франција располага со три вакви бродови, а Русија би била втората земја која ќе ги добие во својот арсенал.

Би можело да ве интересира

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми

Боцан-Харченко: Русија ќе ја заштити Србија и Република Српска

Алаудинов: Зеленски ќе мора да потпише безусловна капитулација

Најмалку осум лица се повредени во руските напади на Запорожје во Украина