Франција најавува целосно полни капацитети за складирање гас додека Русија ги намалува испораките

Од:

Француската влада има за цел – полни капацитети на резервите каде се складира природен гас до есен, во момент кога европските земји се подготвуваат за намалување на снабдувањето од Русија додека војната во Украина се уште трае. Тоа го изјави денеска француската премиерка Елизабет Борн.

– Ние обезбедуваме целосно пополнување на нашите капацитети за складирање, со цел да бидеме близу 100 проценти до почетокот на есента, изјави таа.

Според неа, Франција, исто така, ќе изгради нов пловечки терминал за метан за да добие повеќе енергетски резерви со бродови.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Пукање во центарот на Москва

Предраг Петровиќ

Русија ќе продолжи да лансира интерконтинентални балистички ракети

Ракета погоди станбена зграда и градинка во Украина, загинаа две лица

Нов напад на руски дронoви врз Киев, повредени се три лица

Силен земјотрес ја погоди Русија

Горан Наумовски

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина