Француските власти соопштија денеска дека меѓународната заедница треба да одговори со сила ако се покажат вистинити обвиненијата дека сириските владини сили извршиле напади врз цивили со хемиско оружје.
– Ќе треба да има реакција со сила во Сирија од страна на меѓународната заедница, но не станува збор за испраќање војници, изјави Лоран Фабиус министер за надворешни работи на Франција за локални медиуми.
Фабиус додаде дека ако Советот за безбедност на ОН не успее да донесе одлука ќе биде побарано да се донесе одлука на „друг начин“.