Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Од:

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманен денеска побара од полициските префектури да ја зголемат безбедноста пред синагогите, како и пред верските училишта, еден ден по нападот на Иран врз Израел и пред еврејскиот празник Пасха.

Дарманен побара од полицијата да има видливо присуство пред „најчувствителните“ места за богослужба.

Францускиот министер рече дека како што се приближува Пасхата од 22 до 30 април, треба да се посвети поголемо внимание и на собирите кои привлекуваат голем број луѓе.

Дарманен рече дека од утре чуварите треба да бидат присутни пред влезот на верските училишта за време на влезот и излезот на учениците.

– Таа одлука е донесена поради „многу високо ниво на терористичка закана“, „високо ниво на антисемитски акти и тензии на меѓународно ниво“, вклучително и иранскиот напад врз Израел, додаде Дарманен.

Би можело да ве интересира

Франција: Едно лице загина, а неколку се повредени во Мулхаус, Макрон тврди дека станува збор за „исламистички тероризам“

Макрон: Франција нема да испрати копнени трупи во Украина

Макрон итно ги собира европските лидери на самит за Украина

Катерина Ѓуровски

Првите француски ловци Мираж 2000 пристигнаа во Украина

Трагедија во Франција: Двајца тинејџери убија 14-годишно момче во Париз

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски