Француски борбени авиони вечерва го изведоа најмасовниот напад на мети врз Исламска држава во Сирија, односно во нивното упориште, Рака.
Акцијата следуваше два дена по терористичкиот напад во Париз во кој беа убиени повеќе од 130 луѓе, соопшти Министeрството за одбрана на Франција.
– Во нападот кој истовремено беше покренат заедно со Обединетите Арапски Емирати и Јордан, учествуваа 10 борбени авиони, а фрлени се 20 бомби, пишува во известувањето на министерството.
Операцијата е изведена и во соработка со американските сили при што се погодени команден и регрутен центар на џихадистите, магацин со муниција и камп за обука на борци.