Француски специјалисти доставија над 16 тони лекарства, наменети за цивилното население во Сирија, кои се наоѓаат во зони контролирани од бунтовниците.
Тоа е најголемата пратка лекарства и медицински материјали, испратени од Париз за Сирија.
Испораката ќе овозможи помош за илјадници луѓе во повеќе од дваесет медицински центри во Сирија, особено во северниот дел на земјата, се наведува во соопштението на француското Министерство за надворешни работи.
Меѓу лекарствата има и атропин и валиум, наменети за лекување на настрадани од хемиско оружје. Пратката, исто така, содржи аналгетици и антибиотици.