Француската Влада смета дека воената интервенција во Сирија, како одговор на наводната употреба на хемиско оружје, ќе го врати балансот во ситуацијата што моментално е во корист на сирискиот претседател Башар ал Асад.
Портпаролката на француската Влада Нажат Вало Белкакем, истакна дека меѓународната заедница има обврска по нападите од 21 август во кои според наовите на САД се убиени 1.429 лице. Франција, како и САД го обвинуваат Асад за овој напад.
Белкакем за телевизијаат БФМ изјави дека воена интервенција повторно ќе го врати „балансот“ во сириската граѓанска војна.
Ако сакате политичко решение потребно е да влијаете на „ситуацијаат“, изјави францускиот министер за надворешни работи Лоран Фабијус за радио „Франс инфод“.
Француските пратеници денеска ќе разговараат за наводната употреба на хемиско оружје во Сирија.