Францускиот премиер Мануел Валс, кој се наоѓа во посета на Ријад, на својот профил на Твитер објави дека Франција и Саудиска Арабија склучиле договори во вредност од 10 милијарди евра, јави дописникот на МИА од Париз.
Оваа сума се однесува на неколку договри и писма со намери за зделки, појасни службата на францускиот премиер.
Тие се однесуваат на секторот на енергијата, здравството, аграрната и прехранбената индустрија, морнарицата, вооружувањето, сателити и инфраструктуата.
Согласно договорите Саудиска Арабија до крајот на годинава треба да нарача триесет брзи патролни чамци од Франција.