Франција и Кенија потпишаа договори во вредност од две милијарди евра

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон при денешната посета на Најроби со кениските власти потпиша договори во висина од околу две милијарди евра.

Конзорциумот предводен од компанијата „Винси“ (Vinci) потпиша договор за 30-годишна концесија во вредност од 1,6 милиајрди евра за експлоатација на магистралниот пат што го поврзува Најроби и Мау Самит во западна Кенија.

Компанијата за обновлива енергија „Волталиа“ (Voltalia) потпиша договор за 70 милиони евра за изградба на соларна електроцентрала, додека конзорциумот предводен од „Ербас“ (Airbus) потпиша договор за 200 милиони евра за крајбрежен и морски надзор. А „Тотал“ преговара за изградба на втора соларна централа.

Макрон е прв француски претседател што го посетил Најроби откако Кенија доби независност од Велика Британија во 1963 година.

Кенија е трет земја што ја посети Макрон на неговата африканска турнеја, посветена на инвестициите и безбедносните проблеми во Источна Африка.

Макрон претходно ги посети Џибути и Етиопија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Се зголемува бројот на повредени во сударот на два трамваи во Стразбур

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Во Франција откриен прв случај на нова варијанта на мајмунска сипаница

(ВИДЕО) Затвореник во Франција зароби пет лица, меѓу кои и еден чувар

Макрон бара итна хуманитарна помош за Газа

Горан Наумовски

Туристички авион се урна по полетувањето од аеродромот во Лион, при што две лица се повредени

Горан Наумовски