Франција го зајакнува источното крило на НАТО со испраќање тешка воена опрема на Балканот

Од:

По пешадијата и најсовремените системи за противвоздушна одбрана Мамба, официјален Париз испрати и тенкови Леклер во Романија, по што ќе следи испраќање на ескадрила борбени авиони Рафал.

Според порталот „Балканска безбедносна мрежа“, француските тенкови Леклер, кои се сметаат за гордост на француската воена индустрија и еден од најскапите тенкови од западно производство, за прв пат се појавија на неодамнешната вежба на борбената група на НАТО во Романија.

Заедно со другите возила, артилерија и пешадија на САД, Романија, Полска, Португалија и Франција како водечки нации во групата, вежбаа заедничко дејствување со употреба на боева муниција.

Само неколку недели пред тоа, министрите за одбрана на Романија и Франција објавија дека, како дел од воздушната полиција на НАТО, Париз ќе испрати ескадрила борбени авиони Рафал во таа земја.

„Испораката на Leclerc и идното распоредување на Rafale е дел од напорите за зајакнување на источното крило на Алијансата, кое Франција го презеде по руската инвазија на Украина. Ангажманот на Париз во Романија се нарекува мисијата „Орел“ и беше лансиран на 28 февруари. Мисијата во Романија ја сочинуваат околу 750 војници, односно француско-холандската тактичка формација што ја предводи борбената група НАТО, одредот за воздушна одбрана со системот Мамба, инженерството и елементот за национална поддршка“, се наведува.

Би можело да ве интересира

Французите формираа Кризен штаб поради саботажа на железницата

Горан Наумовски

Нова драма во близина на границата во Франција: Евакуиран аеродром

Горан Наумовски

Францускиот премиер: Нападите на железницата имаа една цел – да ги блокираат возовите за Париз пред Олимписките игри

Француските власти уапсија Русин осомничен дека планирал „дестабилизација на Олимписките игри“

Горан Наумовски

Уапсен осомничен за смртта на седум членови на едно семејство од Ница

(ВИДЕО) Најмалку седум лица загинаа во пожар во зграда во Франција