ФОТО: Воз проби ограда во Манила, најмалку 28 повредени

Од:

Најмалку 28 луѓе се повредени денеска кога локален воз во Манила удрил во друга композиција што стоела на станицата Пасај, по што вагоните ја пробиле оградата и излетале од шините.

Во болница во центарот на Манила се префрлени 20 потешко повредени патници, а лекарите соопштија дека тројца од нив имаат сериозни повреди.

manila-crash

Претставник на компанијата „Манила Транзит“ соопшти дека до несреќата дошло поради тоа што на еден воз што доаѓал кон станицата му откажале сопирачките и налетал на друг воз што стоел.

За брзо време оштетените вагони се отстранети, но сообраќајот се одвива со значајни доцнења на градските линии.

manila-crash2

Поради страв дека несреќата на возовите нема да е единствена, огромен број на жители на главниот град на Филипините користат свои моторни возила и градски автобуси, така што во попладневните и вечерните часови денеска сообраќајната полиција не успева да воспостави ред на улиците.

Би можело да ве интересира

Најмалку четворица загинаа во авионска несреќа на Филипините

Најмалку 81 лице загина во невремето Трами на Филипините

А1он

Тропска бура ги погоди Филипините, најмалку 13 загинати

Брод на кинеската крајбрежна стража намерно се судри со брод на филипинските колеги

Горан Наумовски

Екстремни горештини на Филипините

Во свлечиште на Филипините загинаа 11 лица, а 110 се исчезнати