Едно лице е убиено, а двајца повредени во напад што се случи денеска во јужен Лондон, за кој британската полиција смета дека е можно да станува збор за терористички напад.
Премиерот Дејвид Камерон свика вонредно заседание на владиниот комитет за безбедност „Кобра“, кој што се собира само при инциденти, кои може да имаат последици за националната безбедност.
Камерон го определи случајот како „шокирачки“ и нареди на министерот за внатрешни работи Тереза Меј да претседава со итната седница.
Телевизијата „Скај“ тврди дека станува збор за политички мотивиран напад.
Според британски медиуми, еден војник бил убиен во јужниот лондонски реон Вулвич од двајца мажи, кои го нападнале со мачета. Кога полицијата пристигнала на местото, жртвата веќе била мртва.
Убијците ги нападнале полицајците, кои биле принудени да отворат по нив оган, по што ги раниле.
Во моментот се врши истрага.