ФОТО: Ураганот Сенди однесе 48 животи

Од:

Ураганот Сенди досега однесе најмалку 48 животи, бројот би можел да се зголеми. Над седум милиони американски жители останаа без струја после ударот на урагонот.

Претседателот Барак Обама објави состојба на „голема катастрофа“ во Њујорк, Лонг Ајленд и Њу Џерси.

Градоначалникот на Њујорк соопшти дека само во тој град, најмалку 10 лица загинале, 80 куќи и згради се изгорени.

„Полицијата потврди десет смртни случаи, а стравуваме дека ќе има уште. Во моментов околу 750.000 луѓе немаат струја на Менхетен. Забележани се повеќе од 20 големи пожари, во кои изгореа 80 куќи. Очекувавме голема бура, веројатно најголема во историјата на градот. Тоа и го добивме“, рече Блумберг.

Јавниот сообраќај е запрен, голем број на улици се затворени, а нормализација се очекува во наредните денови.

„Метрото нема да работи барем уште четири или пет дена, тунелите и подземните премини се поплавени. Ќе се потрудиме во текот на денот да го воспоставиме автобускиот сообраќај“, додаде градоначалникот.

За разлика од Њујорк, градскиот сообраќај во Вашингтон како и метро системот се вратени во погон и ќе се одвиваат според неделниот ред за возење. Во Вашингтон животот се враќа во нормала, иако училиштата и државните институции се уште не работат.

Иако бурата ослабува, официјалната опасност од Сенди се уште трае. И понатаму предизвикува поплави и силни ветрови.

Би можело да ве интересира

Поднесен предлог-закон: САД да се повлече и од Обединетите нации

Лукашенко: Не исклучувам обид на САД да предизвикаат политички конфликт меѓу Русија и Кина

Рокас: Напорите на САД за забрзување на евроинтеграциите се повеќе од добредојдени

Американците и Русите тајно се состанувале во Швајцарија со месеци, разговарале за Украина

Волц: Украина да го „намали тонот“, да ги замолчат критичарите

А1он

Лавров поднесе извештај: Почнуваме со нормализација на сите односи со САД