(ФОТО) Тајланд: Се урна мост, 4 жртви

Од:

Четири лица загинаа при уривање на мост, во близина на градот Ајутај на Тајланд, на околу 70 километри северно од Бангкок.

Началникот на полицијата, Јиткасем Сонка изјави дека неколку моторциклисти паднале во реката Пасак, откако попуштил мостот и веднаш се урнал, при што загинале четири лица, а 12 се повредени.

Јиткасем наведе дека мостот е изграден пред неколку години за потребите на пешаците и помалите возила, но подолго време не се одржувал.

Тој додаде дека истражителите не веруваат дека за време на несреќата мостот бил преоптеретен, но бил во лоша состојба.

most-pa-sak-river1. most-pa-sak-river2 most-pa-sak-river3 most-pa-sak-river4
Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Несреќа во Франција, има над 20 повредени, меѓу нив и деца

Горан Наумовски

Жена загина во несреќа на скопската обиколница

Горан Наумовски

Поднесено обвинение против 13 луѓе за трагедијата во Нови Сад

А1он

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Весна Туркулов: Здравствената состојба на тројцата тешко повредени во Нови Сад не е променета

Васко Саздовски е Македонецот кој загина во несреќата во Нови Сад

А1он