ФОТО: Судири пред положувањето заклетва на новиот претседател на Мексико

Од:

Демонстранти кои се против изборот на новиот мексикански претседател Енрике Пења Нието се судрија денеска со полицијата пред зградата на Конгресот, само неколку часа пред тој официјално да положи заклетва.

Стотици демонстранти удирале по високите железни столбови поставени околу зградата на Конгресот, фрлале камења, шишиња и петарди кон полицијата.

Повредени се најмалку шест полицајци. Полицијата возвратила со солзавец и употребила апарати за гаснење пожар за огнот кој го предизвикале молотовите коктели.

Досегашниот претседател на Мексико Фелипе Калдерон точно на полноќ му ја предаде власта на новоизбраниот шеф на државата Енрике Пења Нието на симболична церемонија во Националниот дворец во центарот на Мексико Сити.

Со положувањето заклетва, на власт, по 12 години, ќе се врати Револуционерната институционална партија, која претходно управувала со мексико 71 година.

Би можело да ве интересира

Трамп ги одложи царините за Мексико

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски

Претседателката на Мексико нареди контратарифи на одлуката на Трамп

А1он

Трамп: Царините од 25 отсто за Канада и Мексико ќе стапат на сила утре

Трамп испрати уште 1.500 војници на границата со Мексико

(ВИДЕО) Страв и паника кај миграните: Тихуана е во вонредна состојба