Мексико: Протестите на наставниците продолжуваат

Од:

Илјадници просветни работници, нездоволни од реформите во образованието, во знак на протест го зазедоа историскиот центар на Мексико Сити.

Како што наведува „Асошиејтед прес“, се стравува дека би можело да дојде до судири со што ќе дојде до кулминација на повеќенеделните протести.

Наспроти демонстрантите кои што се вооружени со метални цевки и дрвени палки, се наоѓаат стотици полицајци.

Наставниците ветуваат дека нема да си отидат од централниот плоштад, каде што веќе многумина од нив, со недели кампуваат.

Тие не се задоволни од планот на државата да се прекине контролата која што ја имаат просветните синдикати над мексиканскиот образовен систем, подсетува „Асошиејтед прес“.

Претседателот на Мексико, Енрике Пења Нијето, со потпишување на новиот закон за образование им ги урна надежите дека ќе ги сопре реформите.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Трамп ги одложи царините за Мексико

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трговска војна со Канада и Мексико, Трамп потврди царини и за ЕУ, ја обвини Јужна Африка за расизам

Катерина Ѓуровски

Претседателката на Мексико нареди контратарифи на одлуката на Трамп

А1он

Трамп: Царините од 25 отсто за Канада и Мексико ќе стапат на сила утре

Трамп испрати уште 1.500 војници на границата со Мексико

(ВИДЕО) Страв и паника кај миграните: Тихуана е во вонредна состојба