(ФОТО) Стотици илјади Германци не го знаат своето потекло

Од:

Ова е една од најсуровите и највозбудливи приказни од периодот на Втората Светска војна, која на најдобар начин илустрира над какво зло е извојувана победа во 1945 година.

Првиот ден од крвавиот септември 1939 година, Хитлеровата војска изврши инвазија на независна и меѓународно признаена Република Полска, под порола за заштита на германското етничко малцинство, кое наводно било брутално прогонето со тоа што бил прекинат првиот училишен ден на првачињата.

Никој тогаш, освен можеби некои поедици не бил свесен за ужасната и страотна симболика на тој чин. Додека Вермах ја голтал територијата на Полска, во главите на расистичките берлински моќници се создавала пеколна идеја, која многу бргу станала и разработен план, а кој се однесувал токму на тие недолжни полски првачиња, кои тој ден ги поминувале своите први часови во училишните клупи.

10261711_10203721793511262_1120685541_n

Химлеров план Хитлер два месеци по почеток на инвазијата му дал овластување на Рајхсфирер Химлер, шефот на злогласниот СС, за политика кон популацијата на окупираните територии, а тој веќе кон крајот на ноември имал документ од 40 испишани страни, во кој бил нацртот на она што се подготвувало.

„Од депортација ќе ги исклучиме вредните деца и ќе ги подигаме во адекватни образовни институции во Германија или во германски семејства.Тие не смеат да бидат постари од осум или десет години, бидејќи до оваа возраст може да сметаме на тоа, дека ќе ја промениме националната идентификација, односно да извршиме потполна германизација. Мора да бидат потполно оделени од своите полски роднини.

Децата ќе добијат нови германски имиња, а за нивното потекло ќе биде запознаено посебно одделение- пишувало во него. Веќе во мај 1940 година се појавува понатамошна разработка на овој план, во рамки на генералната политика која водела кон уништување и депортација на околу 80 проценти од полското население. „На територијата на поранешна Полска ќе има само четири основни училишта, во кои децата ќе учат да бројат до 500, да го напишат своето име и дека Господ одредил Полјаците да им служат на Германците.

10306925_10203721793551263_34214619_n

Родителите кои сакале нивното дете да се образува, морале да бараат посебна дозвола од СС и полицијата, а таа им била доделувана само на „расно вредните“ деца. Тие биле носени во Германија поради германизација, но нивната судбина зависела од лојалноста и послушноста на нивните родители кон германската држава. Исто така секоја година децата од шест до десет години биле селектирани врз база на германските расни стандарди, децата за кои ќе се утврдело дека генетски се подобри биле одземани и носени во Германија, каде што добивале нови имиња и биле германизирани.

Како нацистите ги одземале децата? Обично трупите на СС или Вермахт при протерување или физичка ликвидација на населението, ги избирале децата за кои проценувале дека би можеле да бидат „расно вредни“, додека другите ги испраќале во логори.

912650_10203721793351258_647266597_n

-Гледав како децата ги земаат од нивните мајки. Беше тоа страшен призор, агонија на мајките и татковците, тортура од страна на Германците и плач на децата- вели еден сведок од војната. Децата обично се транспортирани со вагони за стока, во кои многу од нив настрадале. Некои железнички работници, скришум им давале вода и храна ризикувајќи ги своите животи, а некои ги подмитувале германските војници и ги купувале децата, со што ги спасиле од лошата судбина.

Некои од овие деца наводно биле од германски војници и мајки од Полска, а се прогасени за „германски сираци“, кои растеле во домовите. Токму овие домови на освоените територии на запад на Полска, биле први на удар, бидејќи постоело уверување дека Полјаците намерно и систематски ги полонизираат етничките герменски деца, а на германски семејства на кои децата биле доделуввани им било речено дека нивните полски документи се фалсификати.

10299468_10203721793391259_97012043_n

Селекција и убиства на непосакуваните Селектираните деца биле водени во таканаречени „Детски образовни логори“, каде преку медицински, физички и психолошки преглед било вршена проценка на нивната вистинска „расна вредност“, документите биле уништувани и им биле давани нови имиња. Оние деца за кои ќе се утврдело дека сепак не се вредни, биле испраќани на работа и во смрт, во Аушвиц и Треблинка. На децата им било речено дека ги водат да работат, но едно момче започнало да ја вика својата мајка, по што се испаничиле другите деца.

10322850_10203721793471261_6824068_n

Германските лекари обично не чекале детето да почине, туку го земале за екстремитетите додека тоа се гушело во смртните маки и како вреќа песок го фрлале на „ридот“ од мали лешеви. Нацистичките лекари исто така на полските деца тестирале и психоактивни дроги и хемикалии, што секако водело до нивна смрт. Некои од децата се убиени и во гасни комори, а некои починале и поради лошите услови за живот во логорот.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ