Групата на Фејсбук „I fucking love science“ која им над 12 милиони фанови и објавуви научни феномени од светот, посвети статија и за Македонија.
Имено, Љиљана Томовиќ, спрски научник, минатата година откри неверојатна глетка на островот Голем Град во Преспа, Македонија, кој е познат како „Змиски остров“ поради големиот број змии, желки и влекачи кои таму живејат.
Видела глава на стоногалка и тело на змија, кои изгледале како некое митско чудовиште, но набрзо сфатила за што се работи и останала во шок.
Змијата проголтала цела стоногалка додека се уште била жива. Стоногалката, во борба за сопствениот живот, почнала да ја јаде змијата одвнатре, како би се пробила на слобода.
Од внатрешноста на змијата не останало речиси ништо – само кожа и малку мускул. Но набрзо откако стоногалката ја пробила главата низ стомакот на змијата, и самата угинала од змискиот отров.