Ширум шпанската покраина Каталонија повеќе стотици илјади луѓе демонстрираа во знак на поддршка за независност, формирајќи 400-километри долг човечки синџир.
Органзиаторите изнесоа проценка дека околу 400.000 луѓе учествувале во формирањето на синџирот, додавајќи дека цел на протестот е да се изрази локална поддршка за политичките напори на каталонските власти за отцепување на таа покраина од Шпанија.
Протестите ги организираа каталонските сепаратисти по повод националниот ден на Каталонија.