ФОТО: Шестмина загинати во невреме во Германија

Од:

Најмалку шест лица загина во невреме што минатата ноќ ја погоди германската сојузна држава Северна Рајна-Вестфалија, предизвикувајќи огромна материјална штета и хаос во сообраќајот, при што еден час беше затворен и аеродромот во Дизелдорф.

Невремето, проследено со грмотевици, поројни дождови и ветер кој на моменти достигал брзина и до 150 километри на час, зафати реон во кој живеат околу 18 милиони лица.

stormGermany2

Германските медиуми јавуваат дека погоденото подрачје наликувало на воена зона, каде имало застои во сообраќајот, а некои патиштата биле непроодни поради дрва кои паднале на коловозите.

stormGermany3

Властите апелира до жителите на ова подрачје да не излегуваат од своите домови, поради опасноста од удари на гром и од налетите на предмети носени од ветерот.

stormGermany1

Поради невремето одделни делови на Дизелдорф неколку часа останаа и без струја.

Метеролозоте предвидуваат дека жариштето на невремето денеска ќе се помести кон централните и источните делови на Германија.

stormGermany5

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ